Балкан
27. December 2016 - 9:40

Турција и старите и новите сојузници и соперници: Преформатирање на силите

БТА - Софија

Турција преживува година заситена со секакви емоции - членка на НАТО, држава која се бори против тероризмот на неколку фронта, земја која со години по ред се стремеше за членство во ЕУ, и истовремено доскорашен туристички рај.

Низа од лоши настани ја одбележаа 2016 година за Турција. Апокалипсата се случи на средината на годината - на 15 јули кога беше извршен обид за државен преврат од наводните приврзеници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Пучот пропадна, а властите излегоа од кошмарната ситуација уште посилни од претходно.

На надворешнополитички план, изминатите 12 месеци беа многу тензичи. наоѓајќи се во исклучително опасен регион, Турција и нејзините партнери и соперници (стари и нови), меѓу кои Русија, ЕУ, САД, Израел, преживеа бурни дни.

Првиот ден на годината беше одбележан од кризата меѓу Анкара и Москва (која ибувна уште на 24 номеври 2015 година, по уривањето на руски бомбардер СУ-24 во реонот а турско-сириската граница). Русија навести еконосмки санкции за Турција и на 1 јануари го укина безвизниот режим за граѓаните на Турција и воведе редица економски забрани.

На крајот на ноември минатата година претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ согласно кој се укинуваат чартер летовите меѓу двете земји и даде порака руските туроператори да се воздржат од работа во Турција.

И покрај прогнозите дека кризата со Русија може да ја чини Турција над 11 милијарди долари, истражувањето на јавното мислење на почетокот на годината открија дека мнозинството Турци (70 проценти) ја одобруваат одлуката на Анкара за уривањето на рускиот бомбардер.

Следеше остра реторика од руска страна. И покрај тоа, Турција неколку пати ја повика Русија да не ги подига тензиите, и како последица на тоа презема засилени напори за нормализација на односите.

Во меѓувреме, самата Анкара втора година по ред беше зафатена со бран од тероризам, а стравот ги натера повеќето европејци да се откажат од прекрасните турски плажи и беспрекорната услуга во турските хотели. Честа слика стана по плажите по егејското крајбрежје да се гледаат мигранти како спијат наместо релаксирани туристи.

Стотици мигранти секојдневно се обидуваа нелегално да преминат од егејскиот брег на Турција до блиските грчки острови. Тензична Европа со месеци размислуваше како го сопре напливот од бегалци од Турција. И во март дојде до потпишување на допговор меѓу ЕУ и Турција за сопирање на бранот од бегалци. Согласно договорот, Анкара требаше да добие вкупно шест милијарди евра до крајот на 2018 година, за потребите на бегалците, како и да биде дадена можност за безвизно патување на турски граѓани во ЕУ.

Напливот од бегалци кон ЕУ се намали, но за прифаќањето на три милиони бегалци Турција повеќе пати го обвинуваше Брисел дека не ги дава парите, а прашањето за безвизниото патување остана сосема во заден план.

Меѓу европските партнери, Германија стана земјата со која Турција најсериозно ги влоши односите. До кризата дојде прво заради донесувањето во Бундестагот на резолуцијата со која се признава ерменскиот геноцид. Потоа, на германските пратеници не им беше дозволено да ги посетат германските војници во воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција. Ердоган пак беше доректно нападнат од двајца германски уметници, кои го исмејаа во своите поеми.

Заради затегнувањето на односите со ЕУ, два негативни настани се случија во надворешните односи на Турција во јуни.

На 26 јуни, Израел и Турција постигнаа договор за нормализирање на односите по шестгодишен прекин. Врските меѓу некогашните сојузници се влошија во 2010 година откако израелски командоси убија 10 турски активисти на бродото Мави Мармара, кој е обидуваше да ја пробие израелската блокада на појасот Газа и да достави хуманитарна помош до палестинците.

Турција бараше Израел да се извини, да плати отштета и да ја подигне блокада во Газа. Израел пак побара сопирање на дејствувањето на Хамас во Турција.

27 јуни пак стана уште позапаметен ден, во кој турскиот претседател Реџеп таип Ердоган испрати писмо до својот руски колега Владимир Путин во кое искажа жалење за уривањето на рускиот бомбардер претходната година и изрази сочуство за смртта на рускиот пилот. Во односите меѓу Анкара и Москва беше отворена една нова страница.

Заради продолжувањето на борбата на турските сили за безбедност против борците на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Анадолија, не сопреа обвинувањата на турските власти кон САД дека ги поддржуваат сириските курдски формации познати како Сили за заштита на народот (СЗН), кои Вашингтон и смета за важен сојузник во борбата против Исламска држава. Анкара ги смета СЗН за огранок на ПКК во Сирија.

Антиамериканските чувства во Турицја го достигнаа зенитот во јули, по обидот за преврат во земјата затоа што мнозината Турци ја прифатија за вистинска конспиративната теорија дека ЦИА стои зад неуспешниот пуч. Следеа мноштво барања од страна на Анкара кон Вашингтон за екстрадирањето на Фетулах Ѓулен кој живее во државата Пенсилванија, во САД, кој се смета за лидер на влијателна мрежа која го организирала обидот за државен преврат.

По кошмарната ноќ на 15 јули, во Турција започнаа масовни апсења и потера по лица осомничени за соучество во обидот за преврат - дејствија кои беа остро критикувани од Западот, заради што всушност во земјата се засилија и антиевропските чувства.

Турија, која се почувствува запоставена од Западот, бара алтернатива за поддршка од друга супер сила во лицето на Русија, напиша дневниот весник Џерусалем пост.

А Владимир Путин беше првиот лидер кој му се јави на колегата Ердоган по обидот за државен преврат. Следуваше посетата на Ердоган во Санкт Петербург со што се докажа промената во турската надворешна политика, која исто така вклучуваше и зближување со Израел и намера за омекнување на позицијата кон сирискиот лидер Башар ал Асад. Првата посета на лидерот на втората по сила земја во НАТО по пучот во јули беше не во држава сојузник во алијансата, туку на Русија.

Според проф.Ефраим Инбар од Центаропт за стратешки истражувања Мегин-Садат, приближувањето на Ердоган со Москва го одразува се поголемото влијание на Русија на Блискиот исток на сметка на повлекувањето на САД, напиша Џерусалем пост.

-Русија е клучниот и најважен играч во напорите за постигнување мир во Сирија, изјави Едроган пред неговата средба со Путин во Санк Петербург во август.

Тивко, Турција ги зачести своите контакти со поддржувачот на Русија во политиката на Русија кон Сирија - Иран. Неколку пати министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу го посети Техеран.

За летото во Турција годинава воглавно може да се каже дека не беше како другите сезони за летен одмор. Освен многубројните настани на надворешнополитички план сезоната ќе биде запаметена со обидот за преврат, масовните чистки, бомбашките напади и во целина - со стравот.

Спречувајќи закани за националната безбедност во Турција на 24 август армијата ја започна операцијата „Еуфратски штит“ во северна Сирија, а во октомври се вклучи и во операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од Исламска држава.

Беше објавено дека офазивата заедно со Слободната сириска армија во северна Сирија, е насочена кон Исламска држава и против сириските курдски сили. Изјавата на Ердоган на крајот на ноември всушност ја вознемири Москва, откако турскиот лидер беше цитиран дека операцијата во северна Сирија има за цел смена на Башар ал Асад од власта.

Во меѓувреме, Русија укина серија економски санкции кон Турција, беа обновени чартер летовите, руските туристи се вратија во турските хотели, а на почетокот на месецов Ердоган го ратификуваше договорот за изградба на гасоводот „Турски поток“.

На почетокот на декември, новиот амбасадор на Израел во Анкара стапи на должност, а пред некој ден со работа започна и новиот амбасадор на Турција во Израел (по шестгодишен прекин). Минатата седмица, турски суд го сопре процесот кој го поведоа семејствата на жртвите од изралеската рација на бродот Мави Мармара во 2010 година.

Односите меѓу Турција и ЕУ пак го допреа дното, откако Европскиот парламент препорача замрзнување на преговорите за членството на Анкара, а претседателот Ердоган испрати закани дека ќе ги пушти мигрантите кон Европа.

Очигледно, Турција е разочарана од своите некогашни западни сојузници и избра да се сврти кон исток.

Ердоган, кој како што напиша аналитичарот Сердар Караѓоз во весникот Сабах, е уморен од тактиките на Брисел за забавување, ја посочи Шангајската организација за соработка (ШОЦ) како алтернатива за членството на Турција во ЕУ.