Турција го оспорува статусот на над 150 острови во Егејското Море

Тајна листа на турското Министерство за надворешни работи го оспорува статусот на 25 острови и 127 помали или карпести острови во Егејското Море, пишува грчкиот весник „Прото тема“.
- Не е случајно што се уште станува збор за тајна листа, позната под кратекната EGAYDAAK од турски јазик. Со таа кратенка Анкара ги маркира островите, островчињата и карпестите острови, врз кои според неа согласно меѓународните договори и спогодби сувренитетот не и е доделен на Грција, нагласува весникот.
Станува збор за мали островски групи во централниот и јужниот дел на Егејското Море во регионот на островот Крит.
Според „Прото тема“ лисата е одраз на турските амбиции за создавање на „сиви зони“ во регионот.
Листата EGAYDAAK е составена во 1996 година, кога Турција официјално го поставува прашањето за „сивите зони, предизвикувајќи тензии во регионот на островот Имија, додава весникот.
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
