Турција го одбележува Денот на победата

Во Турција денеска се одбележува националниот Празник на победата, 30 август, кога се одбележува победата на турската армија, предводена од Мустафа Кемал Ататурк против грчката армија за време на Ослободителната војна (1919-1922).
Одлучувачката битка, со која се бележи крајот на војната се случила во Думлупнар. Турската војска ги победиле Грците и постигнува решителна победа во борбата за независност на земјата.
Една година подоцна Ататурк ќе го прогласи основањето на Република Турција.
Празникот на победата е и професионален празник на турската армија.
Во Анкара ќе се одржи традиционална церемонија со положување венци и одавање почит во мавзолејот на Ататурк со учество на војници, предводени од началникот на Генералштабот и лидерите на сите главни политички партии.
За време на воената парада учесниците ќе направат демонстрации со пушки. Воздушно авиошоу ќе спроведе парада, а специјален хеликоптер ќе се симне до официјалната бина и ќе ги поздрави претседателот, премиерот и другите официјални лица. Церемонијата ќе биде преведена на пет јазици, англиски, германски, француски, шпански и руски.
Ердоган првпат ќе биде домаќин на традиционалниот прием во новата резиденција во Анкара, позната како Сарај Бештеле. Планирано е на церемонијата да присуствуваат околу три илјади лица.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
