-->
-->
Турција ги повлекува своите претставници од грчките острови
-->
На претставниците на турските власти стационирани на грчките острови со задача да го надгледуваат спроведувањето на договорот за мигранти меѓу Европската унија и Турција, пред една недела им било наредено да се вратат дома.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, извори на весникот „Катимерини“ тврдат дека турските власти ги информирале нивните грчки колеги дека официјалните лица си заминуваат од островите во источниот дел на Егејското Море, затоа што нивните пасоши биле истечени, и оти се очекува да се вратат или да бидат заменети.
Официјален претставник на Министерството за цивилна заштита на Грција изјавил дека Турција пред неколку дена за ова ги известила грчките власти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036