-->
-->
Турција: Две лица загинаа во експлозија на граната, истрелана од Сирија
-->
Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени откако минофрлачка граната, утрово истрелана од територијата на Сирија, падна во училишен двор во турскиот град Килис, јавија турските медиуми.
Гранатата паднала во дворот на училиштето „Ејуп Гикче“, за време на наставата.
Градоначалникот на Килис Хасан Кара изјави дека најверојатно биле истрелани повеќе од две гранати. Една од гранатите паднала во училишниот двор, а другатата на празен простор. Дел од западните медиуми соопштууваат дека граната предизвикала експлозија во медицинскиот центар близу до училиштето.
Тој апелираше до населението да на паѓа на провокации и да останат мирни.
Локалното население на Твитер објави фотографии од крвавиот настан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје