Турчин ја тужи сопругата поради навреди на Ердоган

Еден возач на камион од Турција поднел тужба против неговата сопруга, бидејќи го навредувала турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Али Д. (40) во повеќе наврати ја предупредил својата сопруга Г.Д., со која е во брак веќе три години, да не упатува пцости кон Ердоган кога тој и да се појавел на телевизија, објави весникот „Јени Шафак“.
Меѓутоа неговата сопруга на ваквите предупредувања му одговорила: „Снимај ме и поднеси тужба“.
Но, кога го изговорила ова веројатно не очекувала дека сопругот навистина ќе го стори тоа. Имено, Али навистина ги снимил „навредите“ на неговата сопруга и ги приложил на суд како доказ заедно со тужбата.
- Ја предупредував и велев да не го прави тоа. Нашиот претседател е добра личност која прави добри работи за Турција, изјави Али Д. за провладиниот весник „Јени Шафак“.
Неговата сопруга спротивно од тоа „продолжила да го навредува Ердоган или го менувала каналот кога тој ќе се појавел на телевизија“.
- Дури и мојот татко да го навреди претседателот нема да му простам и ќе го тужам, додаде Али Д.
Засега не јасно како судот ќе реагира на тужбата, но за возврат 38-годишната Г.Д. веќе поднела барање за развод.
Ново на Сител
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
