-->
-->
Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
-->

На 26.01.2026 во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода K.К.(30) од Турција.
Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства.
Откако К.К. престанал да му се јавува, оштетениот пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
