Турчин 27 години живее на истанбулскиот аеродром „Ататурк“
Турчинот Бајрам Тепели веќе 27 години живее на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, но по Нова година ќе мора да го напушти, оти тој ќе престане да функционира и ќе биде заменет од новоизградениот, трет аеродром во овој турски мегалополис.
Приказната на Тепели е слична на онаа на Иранецот, Мехран Карими Насери, кој мина 18 години на аеродромот „Шарл де Гол” во Париз и беше инспирација за филмот на Стивен Спилберг од 2004 година – „Терминал” со Том Хенкс.
– Многу сум тажен што го затвораат „Ататурк“. Мене ова ми е дом, многу ќе ми недостасува, истакна Турчинот.
Кога имал 27 години, тој ја напуштил родната Бурса и во Истанбул нашол работа како чистач, па бил испратен на аеродромот. По извесно време, Тепели требало да ја напушти работата, но останал на аеродромот. Благодарение на луѓето, тој никогаш не гладувал и никогаш не бил сам.
Ново на Сител
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
-
Загина 27-годишен мотоциклист по сообраќајка на патот Охрид - Св. Наум
-
Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
-
Уапсен малолетник во Аеродром, се шетал со боксирач
-
Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
-
Калас: Русија не е заинтересирана за мир
-
Маж со палестинско знаме се качи на Вестминстерската палата