Турчин 10 проценти од своите акции ќе им ги подари на работниците во неговата компанија
Сопственикот на компанијата за производство на кисело млеко „Чобани“ (Chobani) во САД, Tурчинот Хамди Улукај ќе подари 10 проценти од акциите на компанијата на своите 2.000 работници, соопшти Улукај во интервјуто за „Њујорк тајмс“, јавува турската телевзија НТВ.
„Кралот на киселото млеко“ нагласи дека ваков голем успех, не би бил можен без трудот на работниците.
- Сега ќе вложам напори уште повеќе да ја зголемам компанијата, а заедно со тоа нашите работници ќе ја изградат и својата иднина. објасни Улукај.
Пред две години компанијата „Чобани јогурт“, која е основана во 2005 година, е проценета на вредност меѓу три и пет милијарди долари.
Делбата на акциите ќе биде врз основа на работниот стаж на работниците.
Според информациите, постарите работници ќе добијат акции во вредност од околу еден милион долари, кои ако сакаат можат да ги продадат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт