Спорт плус
9. July 2016 - 10:16

Тур де Франс: По 7 етапи Авермет на чело

Британецот Стив Камингс победи на седмата етапа на „Тур д’Франс“, по која жолтата маичка ја задржа Белгиецот Грег Ван Авермет.
 
Етапата долга 167 километри од Л’Иљ Журден до езерото Пакол, Камингс ја мина за три часа, 51 минута и 58 секунди.
 
Второто место го освои Дерил Импи, кој беше побрз од Даниел Алваро. Овие двајца зад победникот задоцнија за 65 секунди.
 
Наредната етапа ќе се вози в сабота од Поа до Бањер де Лишон и е долга 184 километри.