Тунис се збогува со својот прв демократски избран претседател Есебси

Граѓаните на Тунис денеска се збогуваа од својот прв демократски избран претседател Бежи Каид Есебси, на погребот на кој присуствуваа лидери од Франција, Шпанија, Катар, Алжир и други земји, пренесе ДПА.
Меѓу шефовите на држави и влади на церемонијата се францускиот претседател Емануел Макрон, шпанскиот крал Фелипе Шести, емирот на Катар Тамим бин Хамад
Ал Тани, алжирскиот привремен претседател Абделкадер Бенсалах и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Есебси почина пред два дена, на 92-годишна возраст, речиси пет години откако ја презеде претседателската функција. По неговиот избор, во декември 2014 година, тој постепено Тунис го однесе кон демократија, особено по бунтот што во 2011 година од власта го симна долгогодишниот авторитарен претседател Зин ал Абидин Бен Али и посебно настаните од Арапската пролет.
Ковчегот со телот на Есебси, украсен со државното знаме, беше изложен во сала во претседателската палата во главниот град Тунис, каде блиските и високите чиновници се собара да му одадат последна почит.
Некои од присутните одржаа и кратки говори во спомен на починатиот претседател, по што ковчегот беше качен на воен камион.
Ново на Сител
-

Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, приведен 47-годишник | ФОТО
-

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени
-

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск; закани за нови царини кон Канада и Мексико
-

Без струја повеќе делови Студеничани и Сопиште
-

Во куќа крај белгискиот град Шарлероа пронајдени околу 150 тарантули
-

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
-

Нејмар: Ќе го оперирам коленото, овие недели беа тешки за мене
-

Иранците ќе разговараат со ФИФА за ситуацијата околу натпреварот со ЛГБТ-тематика
