Македонија
21. March 2023 - 16:44

Тунел долг 60 метри откриен во голема акција во Идризово, Владата именуваше нов директор

Тунел за бегство денеска беше откриен во затворот Идризово во координидарна акција на повеќе инстиуции. Ископот бил откриен по претходни добиени информации дека затвореници осудени на доживотен затвор планираат филмски да избегаат од најголемиот затвор во државата.

Се работело за сериозен план за бегство. Тунелот бил долг 60 метри. Почнувал во затвореното одделение каде што казна одлежуваат затвореници осудени за најтешки кривични дела, продложувал надвор од затворската зграда и стигнал на десетина метри пред надворешната бетонска ограда на затворот Идризово.

Ископот  привчно, бил откриен во помошни простории во кои се чувале расходовани работи од затворот и кои требало да се срушат. Утринава, ангажирана фирма за таа намена, со асистенција на МВР, при рушењето го открила и тунелот на длабочина од 1 метар и со  дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот биле пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот. Активности за расчистување на теренот во кругот на затворот Идризово се уште траат.

Од Управата за извршување на санкции додаваат и дека токму поради сомневања дека се планира бегство изминатите два месеци бил подигнал и степенот на безбедност во затворот  во кругот на затвореното одделение. Акцијата ја потврдија и од МВР од каде велат била вклучен и одделот5за сузбивање на организиран криминал и Агенцијата за нациионална безбедност.

Но се уште се чека одговор од надлежните кој им помогнал на затворениците и како успеале да ископаат толку долг тунел без никој да ги забележи.

Во меѓувреме пак, Владата денеска на седница го разреши директорот на КПД Идризово – Шпнед Тахири.

Смената на Тахири, кој е од редовите на Алтернатива, екпресно дојде во акцијата за откриениот тунел, но таа неофцијално се највуваше веќе еден месец по промените во владината коалиција. Во негово време, во јануари, се случи и бегството на Беким Мехмети додека беше спроведуван со затворско комбе.