Тука проститутките се нудат за 5 евра: Ова е најтемната страна од економската криза во регионот
Џоана е Гркинка, има 36 години и претходно работела како манекенка и пејачка. Денеска, работи во хотелна Плоштад Омониа во центарот на Атина како приститутка зошто поинаку не би можела да преживее. Половина час, 15 евра.
Грчкиот Национален центар за социјални истражувања (ЕККЕ) во една претходна студија утврди дека проституцијата од 2013. до 2015. порасна за 150 отсто. Уметникот Џанмарко Маравиглија, кој работел фотопроект за грчките проститутки, на својата страница ја опиша кризата која во Грција е присутна постојано, без оглед дали за тоа се пишувал или се говори за неа во ЕУ.
"Околу Плоштадот Омониа десетина проститутки, често зависнички од дрога, го продаваат своето тело за неколку евра во трошните хотели. Во околните учици луѓето често користат хероин на отворено, порнографските кина нудат мрачни соби бо кои има млади момчиња кои го продаваат своето тело на постарите. Во блискиот парк се млади бегалци, често малолетнички кои самошто побегнале од воениот пекол, па се продаваат за три или четири евра. Во некои улици постојат десетици илегални бордели во кои девојките се понудуваат како на пазар. Не станува збор за тајна, тоа сите го знаат, но властите велат дека не се во можност да интервенирааат. Нема пари за помош на тие луѓу ниту нивна заштита. Тоа е вистинската цена на кризата во која страдаат најслабите“, напиша фоторепортерот.
Опишаните случаи често не се најдраматични. Зад сето тоа често се крие и трговија со бело робје, организиран криминал.. Откако дојде до поплава на очајни Гркинки и Грци кои се проституираат, цената на сексуалниот однос во еден од тие трошни хотели некогаш паѓа и на само 5 евра. На Маравиглија се некои од овие луѓе во своите хотелски соби во кои инаку пуштаат само муштерии, се сликале без облека, ги раскажаа своите приказни.
Некогаш станува збор за наркомани, по што Атина посебно не се разликува од другите метрополи во ЕУ. Во кризата меѓутоа одеднаш искрснаа мноштво од оние на кои тоа им е единствен начин да го прехранат семејството или самите себе. Се проституираат и студенти и студентки, зошто семејствата кои претходно ги издржувале во текот на школување, преку ноќ финансиски се распаднаа.
Во Грција проституцијата е легална, но за таков бордел потребна е лиценца, што во секој случај е премногу скапа во споредба со држењето илегални бордели.
А тоа тогаш генерира организиран криминал и проститутки во такво опкружување кои се препуштени на милост и немилост на најлошите луѓе од погрешната страна на законот.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче