Тухел по 2:0 против Тотенхем: Челзи можеше да постигне повеќе, сè уште ништо не е решено
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, ги сподели своите впечатоци од победата со 2:0 остварена синоќа над Тотенхем во првиот натпревар од полуфиналето во англискиот Лига куп.
– Чувството е дека ја заслуживме оваа победа. Одличен резултат кој го отсликува текот на играта. Можевме да постигнеме повеќе, иако на Тотенхем не му беше лесно да постигне гол. Создадовме многу шанси, имавме одлични моменти. Сите разбираат дека не очекува многу тежок реванш, уште ништо не е решено.
Импресивна изведба. Лесно е да се каже дека излегоа свежи играчи, но кога не играш долго време, малку е неправедно играчот да го пуштиш на толку важен натпревар и да се бара многу од него. Не изгубивме концентрација, одигравме одговорно. Оние кои не играа во последните недели изгледаа солидно, рече Тухел.
Реваншот е закажан за 12 јануари на теренот на Тотенхем.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот