Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања

Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети, со кои Обвинителството докажува дека овие луѓе имале претходно разработен план, односно дека од првото грабнување се откажале и ги појаснија причините зошто се откажале и дека реализацијата на планот е завршена во понеделникот, изјави бранителот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, по денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, каде Основното јавно обвинителство го даде својот завршен збор.
Туфегџиќ нагласи дека никаде не е спомнат таткото Александар Ѓорчевски, ниту пак било каква конекција со него во врска со извршувањето на кривичното дело. Посочи дека не бил изведен ниту еден доказ од страна на Обвинителството во целата судска постапка со кој би се докажало дека Александар имал комуникација со првообвинетиот Љупчо Палевски.
– Јас не знам како ќе се произнесе Судот, но сите денеска слушнавме дека Јавното обвинителство во завршните зборови го потврди она што го знаеме од првиот ден, а тоа е нема никаков доказ за било каква вмешаност или инволвираност на Александар, немаат ниту било каков доказ за некаква конекција и комуникација со Љупчо Палевски како што стои во обвинителниот акт, рече Туфегџиќ.
Обвинителството денеска во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара Судот да му ја одреди соодветната затворска казна. За Ѓорчевски, обвинителката рече „нема потешка казна од загуба на дете и од живот со таква совест како во случајов на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски. Не тврдиме дека сакал да му го убијат детето, но учествувал во киднапирањето на ќерка си и бараме соодветна казна за тоа.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
