Трудница убиена додека чекала ред за храна: Пијани војници мислеле дека имаат предност
Венецуалските власти во текот на викендов уапсиле војник од националната гарда под обвинение дека застрелал трудна 18 годишна девојка, а тамошните медиуми овој инцидент го опишале како гужва поради снемувањето на свинско месо.
Александра Колопој ја застрелал наредникот Давид Реболедо, напиша на Твитер државниот обвинител во неделата вечерта. Не се дадени дополнителни информации, но бројни критичари на владата на Николас Мадуро порачаа дека ова претставува типичен пример за рушење на оваа земја богата со нафта.
Локалните медиуми известуваат дека сопругот на усмртената трудница сведочел дека група пијани војници стоеле во ред за свинско месо во сиромашно подрајче на Каракас. Потоа на неколку граѓани им се заканиле да се тргнат затоа што од месото снемувало, што тие одбиле да го направат.
-Националната гарда полудела и почнала да пука, кажал сопругот на убиената.
-Падна на земја, кажал тој, додавајќи дека таа била во петтиот месец од бременоста.
Во пукањето е погоден и неговиот брат, но тој се опоравува.
Нередите поради храна и големите редови пред супермаркетите станаа се почесто во оваа земја, која е соочена со брутална рецесија, а многу граѓани имаат плати кои изнесуваат само неколку американски долари месечно.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени
-
Извршен увид на местото на пожарот во Трубарево, продолжен притворот на четворицата осомничени