Трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство целосно покриени од Владата
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска соопшти дека трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство, се целосно покриени од Владата на Република Северна Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Воедно, од Министерството, ги повикуваате семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.
- Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736, се наведува во соопштението.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство.
- Солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираме до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени