Тропската бура „Метју“ над Карипско Море прерасна во ураган
Тропската бура „Метју" вчера, над Карипско Море, ја доби силата на ураган од прва категорија (на петстепената Сафир-Симпсонова скала).
Како што информира Националниот центар за набљудување на урагани од Мајами, брзината на ветрот надмина 120 километри на час. Во моментов ураганот се движи на запад со брзина од 27 километри на час, пренесе ТАСС.
„Минувањето на „Метју“ во следните денови ќе предизвика големи бранови на бреговите на Порто Рико, Хаити, Доминиканска република, Аруба, Бонеира, Курасао, Колумбија и Венецуела“, соопшти центарот.
Според овие прогнози во следните 48 часа се очекува „Метју“ да добие уште поголема сила. Над централниот дел на Карипско Море е можно ураганот да ја смени својата насока и да се упати кон Куба.
Во оваа сезона на урагани над Атлантскиот Океан, што почна на 1 јуни, досега се формираа 13 тропски бури, од кои пет се прераснаа во урагани: „Алекс“, „Ерл“, „Гастон“, „Ермин“ и „Метју“. Во нив имаше вкупно над 60 жртви, од кои 49 загинаа во Мексико од ураганот „Ел“.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии