Тројца застрелани во вооружениот напад во Кичево: Пукано во независниот кандидат за градоначалник?!
Вечерва во Кичево бил извршен напад со огнено оружје врз независниот кандидат Алит Абази и неговиот шеф на изборниот штаб Дестан Абдиу, јави Алсат-М. Според нивни информациите тие се ранети.
За инцидентот пак, од МВР за МИА информирале дека А.А. роден 1959 година околу 18:45 минути на булеварот „Ослободување“ ги пресретнал и пукал врз Д.А. (1959), А.А. (1977) и Ш.Д. (1963), тројцата од Кичево.
Д.А. има повреди на бутот на десната нога, А.А. е погоден во слабината, а Ш.Д. во десната потколеница. Д.А. и А.А. поради сериозноста на повредите со возила на брза помош се упатени кон скопските клиники, а Ш.Д. е пренесен во кичевската болница.
Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот А.А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.
Ново на Сител
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните