-->
-->
Тројца загинати при пад на украинско беспилотно летало врз руска воена база
-->
Тројца руски војници загинаа при соборување украинско беспилотно летало во близина на воениот аеродром Енгелс во областа Саратов, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„На 26 декември околу 01:35 часот по московско време, украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше до воениот аеродром Енгелс во Саратовската област”, соопшти руското Министерство за одбрана.
При падот на остатоците од дронот загинале тројца руски војници, членови на техничкиот персонал, кои биле на аеродромот, соопшти руското Министерство.
Опремата на аеродромот не е оштетена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
