-->
-->
Тројца загинати и петмина повредени при уривање на зграда во Тел Авив
-->
Најмалку три лица загинаа, а петмина се повредени при уривањето на зграда во јужниот дел на Тел Авив, што се случи синоќа по силна експлозија, соопшти денеска израелската полиција.
Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека е во тек истрага за утврдување на причините за несреќата.
Според него, припадниците на службата за вонредни состојби ги пронашле телата на загинатите, а повредените се префрлени во болница.
Локалните медиуми јавија дека експлозијата се случила во магацин за градежен материјал што се наоѓал во зградата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал
-
Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија