-->
-->
Тројца војници загинаа, а 15 се повредени во нови судири во Украина
-->

Тројца украински војници загинаа, а 15 други се повредени во последните 24 часа во борбите со проруските сили, соопшти денеска украинската армија.
Тоа се први поголеми загуби откако стапи во сила примирјето на 1 септември.
Во изминатите две недели дојде до значитечно намалување на непријателството во источниот дел на земјата, со што е поттикната надежта за успех на Договорот од Минск, склучен пред 18 месеци со цел да прекинат судирите, сметаат набљудувачите.
Портпарол на украинската војска денеска истакна дека во изминатите неколку дена „сепаратистите првпат овој месец употребиле тешко вооружување и директно нападнале украински позиции во регионот Луганск“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
