Тројца убиени откако вооружен напаѓач отвори оган во Окленд
Најмалку три лица загинаа откако вооружен маж денеска отвори оган на градилиште во најголемиот град во Нов Зеланд, пренесе ДПА повикувајќи се на локалната полиција.
Вооружен маж влегол на локацијата во центарот на Окленд околу 7:20 часот наутро. Местото е во близина на базата на навивачи на Светското фудбалско првенство за жени, кое треба да почне подоцна денеска.
Полицискиот комесар Ендру Костер изјави дека двајца цивили биле убиени, а наводниот сторител починал. Меѓу повредените има и полицаец, рече Костер и додаде дека бројот на жртви може да се зголеми.
Во ургентен центар биле однесени 10 лица од кои седум се здобиле со прострелни рани, додека повредите на другите тројца не се поврзани со огнено оружје.
Според Костер, наводниот сторител е 24-годишник кој порано работел на локацијата. Употребеното оружје не било забрането, но сторителот немал дозвола за огнено оружје.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
