Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Неготино
Три лица се тешко повредени, а едно полесно, во сообраќајката која утринава околу два часот се случила во Неготино. Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, сообраќајната несреќа била на регионалниот пат Р 103 Кавадарци-Неготино, на влезот во Неготино, кај станицата за технички преглед „Антигона".
- Патнички автомобил "опел астра" со велешки регистерски ознаки, управуван од 35 годишното лице Н.А. од село Стојаково, излегол на левата страна од патот и удрил во заштитната ограда и објектот на Агросервис, соопшти Додевски.
Возачот се стекнал со телесни повреди и бил задржан на лекување во Кавадаречката општа болница, а останатите тројца сопатници, исто така млади лица, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава