Свет
15. December 2016 - 10:58

Тројца ранети при напад врз конвој во источно Алепо

Три лица се ранети денеска во Алепо при вооружен напад врз конвој автобиси, што се подготвувале да тргнат од источниот дел на градот, изјави шефот на локалната амбулантна служба, Ахмед Свид. 

Тој тврди дека кон конвојот пукале приупадници на провладините сили и дека меѓу ранетите има еден припадник на цивилната заштита.

Свид оваа изјава ја даде за телевизијата „Ориент“, која ги поддржува опозицисите сили.

По првичниот договор за евакуација на бунтовниците и цивилите, кои вчера не беше спроведен, синоќа беше постигнат нов, по што денеска стапи во сила договореното примирје.