Македонија
18. September 2019 - 10:58

Тројца повредени во судар на две возила во Визбегово

Вчера во 12.45 часот на крстосница од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(23) и патничко моторно возило „хјундаи И30“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(51), и двајцата од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.И.(73), сопатник од возилото „хјундаи И30“, а со телесни повреди се здобиле М.Н. и С.Н.(51), сопатничка од истото возило.

Тие биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.