-->
-->
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во близина на Зелениково
-->
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково – с.Драчево, скопско, во близина на с.Орешани, општина Зелениково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од М.С.(29) од Скопје и патничко возило „тојота јарис“, управувано од А.Д.(28) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР.
Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Сопатникот во возилото „тојота“, Ј.Д.(71) од Скопје, исто така, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот А.Д. се здобил со телесни повреди , констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Негативен природниот прираст и во градските и во селските подрачја
-
Трамп: Израел се согласи со условите за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа
-
Американски извори открија дека Иран се подготвувал да го минира Ормускиот теснец
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода
-
Известителката на ПССЕ длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите во Србија
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали