Македонија
30. May 2016 - 20:50

Тројца повредени во сообраќајка кај Стража

Двајца браќа и нивниот татко се повредени дваесетина минути после пладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево пред планинскиот премин Стража откако автомобилот форд фокус со кој превезувале излетал од патот, удрел во карпа и се превртел на покрив. Тројцата повредени се од Кичевско и се враќале дома од Гостивар. Возачот, постариот брат на 53 години и две години помладиот брат се задржани на лекување во гостиварската болница додека 77 годишниот татко е однесен на скопските клиники.

Авотмнобилот излетал на потегот помеѓу Мавровската крстосница и Сретково . Додека траеше увидот сообраќајот се одвиваше отежнато.