Тројца повредени во пет сообраќајки вчера во Скопје
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на пет сообраќајни несреќи, од кои две се со материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица.
Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се осум возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, пет лица управувале нерегистрирано возило, четири лица биле без возачка дозвола и 22 непрописно паркирани возила.
Затекнати се и шест пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 67 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Мимоза“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
Шолц: Украина не е виновна за руската агресија
-
Таравари: Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела
-
Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
-
Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта