Тројца Палестинци убиени, 49 уапсени на Западниот брег
Тројца Палестинци денеска се убиени во напади на израелската војска врз окупираниот Западен Брег, соопшти Палестинската управа.
Израелската војска не го коментираше извештајот за убиството на Палестинците, но кажа дека за време на синоќешните рации уапсила 49 барани Палестинци, вклучително и 21 поврзани со исламската екстремистичка група Хамас, пренесе Бета.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, на Западниот брег се уапсени околу 1.220 барани Палестинци, вклучувајќи и над 740 лица кои поврзани со Хамас.
Израелската армија додаде дека покрај тоа, на Западниот брег во овој период имаше и неколку судири меѓу ИДФ и Палестинците, како и неколку терористички напади.
Во последниот напад, денеска загина Израелец, кога во неговото возило биле испукани куршуми во близина на еврејската населба Беит Лид, јавија израелските медиуми.
Палестинската управа соопшти дека двајца Палестинци, меѓу кои и едно 14-годишно момче, се убиени во близина на Рамала, а уште двајца се ранети кога војници отвориле оган за време на рацијата. Уште еден 19-годишен Палестинец е убиен во рација во Калкилија, на северот на Западниот Брег, а други двајца се ранети.
Според палестинското Министерство за здравство, од 7 октомври и почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, израелските војници, а во некои случаи и од еврејските доселеници, убиле најмалку 137 Палестинци на Западниот брег.
Ново на Сител
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ