Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Обвинителството, осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото го извршиле пред фитнес клуб во Чаир, на 1 јуни во вечерните часови.
-Инцидентот започнал како вербална расправија во која си разменувале навреди и пцовки, а продолжил и со физичка пресметка, па во еден момент првоосомничениот извадил нож со кој го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите. Повреди им биле нанесени и на другите двајца оштетени кои се обиделе да ги раздвојат и да му помогнат на прободениот, велат од Обвинителтвото.
Јавниот обвинител за сите тројца осомничени достави, предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25
-
Мицкоски и Тошковски присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна
-
Презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на бригадата за ПЗ Скопје
-
Преглед на вестите од светот