Тројца малолетници затекнати во угостителски објекти во полициска контрола во Тетово
Тројца малолетници биле затекнати во угостителски објекти по 23 часот за време на синоќешната акциска контрола што ја спроведе полицијата на територијата на Тетово.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека целта на акцијата била да се открие присуство на малолетници во објектите, дали им се точи алкохол или дали евентуално им се овозможува употреба на наркотички средства.
При контролата во трите објекти на улиците „Јане Сандански“, „Борис Кидрич“ и „Благоја Тоска“ имало вкупно 49 лица од кои тројца биле малолетници.
Јосифовски најави дека по документирање на случаите против сопствениците на трите угостителски објекти ќе следуваат соодветни санкции и пријави.
Во следниот период, како што посочи Јосифовски, ќе продолжат акциските полициски контроли за да се спречи девијантното однесување како на малолетниците, така и на сопствениците на угостителските објекти во тетовско. ас/бак/16:39
Ново на Сител
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор