Тројца македонски државјани сите на 30-годишна возраст загинаа во тешка сообраќајка во Италија

Тројца Македонци на 30 годишна возраст и Италијанец загинаа во тешка сообраќајка јавуваат италијанските медиуми.
Како што е објавено, во сообраќајката загинале четири лица, меѓу кои и 23-годишно момче од Асти и тројца 30-годишни Македонци, кои живееле во областа Асти.
Сообраќајката се случила доцна вечерта на Велигден, во Понте Верде, во Низа Монферато (Асти).
Според првичниот увид на местото на несреќата, автомобилот во кој се движел младиот човек директно се судрил со возилото во кое се наоѓале другите три жртви.
Како што пишува „Sky.it“ несреќата се случила покрај провинцискиот пат 456 Турчино.
На лице место интервенираа две екипи од пожарникари (една од Асти и една од доброволниот одред од Ница), 118 и сообраќајната полиција Асти.
Истрагата за реконструкција на динамиката на несреќата е доверена на Polstrada. Во ударот и двата автомобили биле целосно уништени, од кои едниот завршил на заштитната ограда.
Ново на Сител
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
