-->
-->
Тројца крадци од Скопје се соочуваат со долга казна затвор
-->

Тројца криминалци паднаа во рацете на полицијата. Во првиот случај, на граничниот премин Табановце вчера околу 14 часот и 30 часот на влез во Македонија при извршена пасошка контрола констатирано е дека П.М.(30) од Скопје се бара за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.
Истиот ден СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Арбен С.(34) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој е спроведен во полциската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка.
СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Амет А.(28) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“.Тој е спроведен во КПУ„Скопје“ за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори