Балкан
23. July 2016 - 12:52

Тројца косовски Албанци убиени во нападите во Минхен

Тројца косовски Албанци, еден млад маж и две девојки, се меѓу жртвите од вчерашниот напад во Минхен при кој животот го загубија 9 лица, а 16 се ранети.

Според порталот Gazeta Express, во Минхен настрадале 21-годишниот Дијамант Заберѓа, чија смрт ја потврдил неговиот татко на Facebook.

Претходно во текот на ноќта се дозна за уште две косовски жртви во минхенскиот трговски центар – Сабина Суљај, за која нема податоци за возраста и 14-годишната Армела Сегаши.

Напаѓачот подоцна беше пронајдени мртов, откако најверојатно се самоубил, а неговите мотиви засега не се познати.