Тројца кавадарчани предозирани со алкохол на коледарските огнови
Тројца кавадарчани предозирани со алкохол изминатава ноќ побарале медицинска помош, информираше денеска Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.
- Како по некое непишано правило, во текот на една календарска година, најмногу лица предозирани со алкохол имаме за време на коледарските огнови. За новогодишната ноќ имавме две алкохолизирани лица, а ноќва што помина - три, соопшти Паракеов.
Тој нагласи дека вообичаено за Нова година интоксикација со алкохол има кај млади лица, додека на Коледе со алкохол се предозираат постари лица.
Според докторот, во градот на виното и ракијата бројот на поднапиени граѓани во текот на изминатата ноќ сигурно бил и поголем, но дека тие се отрезниле без да побараат медицинска помош.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“