Македонија
5. March 2019 - 16:06

Тројца кандидати во трка за шеф на државата

Професорот по меѓународно право Блерим Река поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА ги собра 10те илјади граѓански потписи за својата кандидатура за претседателските избори. Тој е вториот кандидат кој покрај професорката Силјановска Давкова успеа да ги собере потребните потписи.

Третиот познат кандидат – професорот Стево Пендаровски кој ја доби поддршката од владината коалиција нема поднесено пријава до Државната изборна комисија за собирање на потписи од избирачи. Најверојатно, ќе се кандидира за претседател на државата со поддршка од најмалку 30 пратеници.

Останатите петтмина кои собираат потписи речиси ги изгубија шансите да ја официјализираат кандидатурата до сабота до кога е рокот за давање на гражанска поддршка. Филип Петровски до денеска има собрано 1233 потписи, Димче петрвоски 422, Господин Поповски 12 и Јосив Мирчевски само 8 потписи.

Од Беса велат дека изборната трка за Река ќе ја тераат до крај иако Пендаровски и Давкова се фаворите за влез во втѕориот круг.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, се сомневаат дека власта подготвува изборен со ново задолжувања на само месец и поливина пред претседателските избори.

- Дали власта се задолжува над 130 милиони евра со цел изборна корупција. Каде ќе завршат милионите на граѓаните на Република Македонија кои треба да ги враќаат истите со камата? Дали истите се наменети за изборен поткуп исто како сите оние вработувања кои што во моментов се реализираат?... Претседателските избори се првата можност граѓаните да му кажат едно огромно НЕ на СДСМ, што ќе биде повод за предвремени парламентарни избори, со цел промена на оваа расипничка власт, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМО-ДПМНЕ.

Опозициската партија го критикуваше изборот на Пендаровски како заеднички кандидат на власта дека додека тој бил во опозиција бил против консултативен референдум за името.