Тројца холандски државјани настрадале во нападите во Брисел

Тројца државјани на Холандија се меѓу загинатите во терористичките напади на аеродромот и метро станицата Малбек во Брисел во вторникот, во кои вкушно загина 31 лице, а над 300 беа повредени, јави дописникот на МИА од Брисел.
Како што информираат холандските медиуми, смртта на тројцата Холанѓани денеска ја потврдил министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, кој се наоѓа во официјална посета на Индонезија.
Според Кундерс, жртвите се брат и сестра кои живееле во САД, како и една жена од градот Девентер.
Шефот на холандската дипломатија и претседавач со Советот на Европската унија, потврди дека синоќа тој веќе ги известил семејствата на загинатите.
Покрај овие тројца холандски државјани, единствено досега е познат идентитетот на уште еден странец, кој загинал во терористичктие напади во Брисел. Станува збор за 36-годишната Перуанка, Марина Тапиа Руиз.
Белгискиот министер за надворешни работи Дидје Рејндерс, потврди дека меѓу жртвите во нападите има државјани на најмалку 14 држави, но белгиските власти се уште не излегле со имиња и националност на загинатите, бидејќи според нив, „најважно е згрижување и безбедност на повредените“.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
