-->
-->
Трогателна средба: Браќа близнаци се наоѓаат по 69 години разделеност
-->

Браќата близнаци од Полска, Георг Скжињецки и Луцијан Познањски целиот живот го минаале раздвоени, откако по завршувањето на Втората светска војна биле посвоени од две различни семејства.
Шеесет и деветгодишните Георг и Луцијан се родени во Германија, откако нивната мајка по потекло од Полска била ослободена од нацистички концентрационен логор. Набрзо по породувањето таа се разболела и починала, па момчињата биле однесени во Полска и дадени на посвојување.
Со години не знаеле еден за друг се додека Георг не решил да ги испита своите корени и да провери дали има живи членови на неговото биолошко семејството.
Тој дознал дека има брат, но било потребно половина век да го најде со помош на Програмата на Црвениот крст за поврзување на разделени семејства.
- Не знам кога тоа се случи, но секогаш знаев дека еден ден ќе го најдам мојот брат, изјави Георг по трогателната средба со неговиот брат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
