-->
-->
Трогателна исповед на човекот со најдолгиот пенис на светот
-->
Педесет и две годишниот Роберто Ексвиел Кабрера тврди дека поради својот полов огран не може да најде жена, а за да биде уште полошо, го оневозможува и да работи.
Имено овој маж тврди дека го има најдолгиот пенис на светот и изјавува дека тој се протега се до неговите колена и дека поради овој проблем ниту една жена не сака да спие со него. Тој бара да го прогласат за инвалид бидејќи му е оневозможен нормален живот. Пенисот му е долг 48 сантиметри.
Овој Мексиканец бил подложен на медицински испитувања и прифатил со рендген да го снимат неговиот половиот орган со цел да ги разувери сите оние кои се сомневаат во тоа што го зборува.
Докторите изјавуваат дека главниот дел на неговиот полов орган всушност е долг само 15.2 сантиметри, а дека сето останато е само кожа.
„Не можам ништо да работам, оневозможен сум, па затоа сакам да ме прогласат за инвалид и да ми дадат некаква помош. Сакам да влезам и во Гинисовата книга на рекорди“ – изјавува Роберто Кабрера. Лекарите сепак тврдат дека тој би можел да направи операции.
Пред четири години бил депортиран од Америка и сега живее сам во соба која му ја отстапил неговиот брат. Живее од социјална помош и од отпадот што го собира на депониите. Нема пријатели и каде и да се појави луѓето го избегнуваат.
До сега статусот на најголем полов орган го имаше Американецот Џон Фалкон со речиси 34 сантиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски
-
Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп
-
Минчев: Богојавление нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето
-
Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор
-
Илон Маск и неговите „обиди за мешање“ во европската политика
-
Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово
-
Сиљановска-Давкова: Богојавление – Водици нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици