-->
-->
Трогателена глетка од Австралија: Поради жештините изумреа над 90 коњи, соборен температурниот рекорд од 1939 година
-->

Бранот екстремни жештини веќе повеќе од една недела ја пустоши Австралија. Највисоките дневни температури достигнуваат речиси 50 Целзиусови степени, а на екстремните жештини не им се наѕира крајот.
Температурите уриваат стогодишни рекорди – минатата недела дури пет дена беа меѓу најтоплите во историјата на Австралија.
Екстремните температури и сушите доведоа до масовно умирање на животните. Прво се појавија информации дека на бреговите на реките се појавиле милиони мртви риби, а потоа медиумите објавија дека жештината за само два дена убила дури третина од лилјаците во Нов Јужен Велс.
Австралија не памти вакви жештини и суши, а доказ за тоа е и фактот дека тие во изминатите денови предизвикале масовно изумирање на дивите коњи.
Ренџерите вчера во близина на Елис спрингс нашле повеќе од 90 мртви, изгладнети и дехидрирани диви коњи. Уште 200 биле најдени во исклучително тешка ситуација и биле еутаназирани.
Еден од жителите, Ралф Тарнер, објави страшни фотографии од мртвите коњи.
„Бев скршен, никогаш не сум видел ништо слично. Сите тие тела... Не можев да верувам дека вакво нешто може да се случи“, изјави тој за Би-би-си.
Друг жител, Роан Смит, изјави дека во областа каде што се најдени мртвите коњи инаку има езеро. Коњите се навикнати да пијат од тоа езеро, а кога се исушило, едноставно немале каде да најдат вода.
Во голем број градови вчера беа урнати историски температурни рекорди. Во Аделаида беа измерени дури 46,2 Целзиусови степени, а во Седуна неверојатни 48,6 Целзиусови степени. Метеоролозите најавуваат дека топлинскиот бран ќе потрае со денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
