Тркалезна маса за квалитетот во истражувањата во општествените науки
Тркалезна маса за квалитетот во истражувањата во општествените науки и спречувањето на „одливот на мозоци“ од Република Македонија - научени лекции и идни предизвици, ќе се одржи денеска во Скопје.
Настанот е во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, во партнерство со Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и Швајцарскиот центар за експертиза во општествените науки од Лозана и на него ќе присуствува Мајкл Окснер, виш истражувач на Швајцарскиот центар за експертиза во општествените науки од Лозана.
Во рамки на настанот ќе бидат презентирани и резултатите од две истражувања спроведени во текот на 2017 година поврзани со квалитетот на истражувањата и одливот на мозоци во општествените науки во Македонија.
Настанот, како што информираат организаторите, е наменет за истражувачи, универзитетски професори и истражувачи во областа на општествените науки и е замислен како форум
преку кој сите заинтересирани страни би ги презентирале своите ставови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии