Македонија
24. September 2019 - 8:50

Тркалезна маса за елиминација на говорот на омраза кон жените во политиката

Националниот демократски институт (НДИ) во рамки на „Неделата на женски права и родова еднаквост“, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организираат тркалезна маса на тема „Како медиумски се покриваат и како да го елиминираме говорот на омраза упатен кон жените во политиката?“

Целта на настанот е преку дискусија да се  увиди моменталната состојба и да се разгледаат можностите во насока на подобрување на истата.

Воведни обраќања ќе имаат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, директорот на НДИ Крис Хеншоу, а меѓу говорниците се најавени претставници од Клубот на пратенички, од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги, од Советот за етика во медиумите и од ЗНМ.

Тркалзената маса е дел од серија активности на НДИ со цел унапредување на родовата еднаквост, но и да се поттикнат дискусиите,  и да се дефинираат решенијата на проблемите со кои се соочуваат жените во секојдневниот живот.

НДИ, во соработка со Институтот за родови студии денеска, попладне, на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, организира и панел дискусија на тема „Политичко учество на жените и девојчињата“. Темата на оваа дискусија, како што наведуваат од НДИ, произлегува од потребата за комплетно и рамноправно учество на жените и девојчињата во сите сфери на политичкиот процес како значаен фактор за секоја демократија.