Тркалезна Маса “Предизвици и можности за развој на социјалната економија во Македонија”
Здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во рамки на проектот “Поддршка на социјалните претпријатија преку следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”, во Центарот за поддршка на социјалните претпријатија на 04.05.2022 со почеток во 10:00 часот, организира настан - Тркалезна маса со тематика “Предизвици и можности за развој на социјалната економија во Северна Македонија”.
Овој настан се организира како дел од проектните активности кои имаат за цел да ги поддржат социјалните претпријатија и да изнајдат решенија за задоволување на нивните потреби. Да се подобрат условите за работа и капацитетот на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија и да се поддржи развојот на потенцијалните и постојните СП за значително зголемување на нивниот оперативен капацитет, одржливост и пристап до пазарите, притоа поддржувајќи го зголемувањето на вработувањето на ранливите групи на луѓе, со што ќе придонесе за нивната социјална и професионална реинтеграција.
Тркалезната маса има за цел да ги анализира актуелните состојби и предизвиците во решавањето на проблемот со мапирање на различните модели на социјални претпријатија, идентификување на потребите и предизвиците за развој на различните модели, како и утврдување на можностите за унапредување на меѓусекторската соработка на актерите во екосистемот.
На тркалезната маса учество ќе земe г-дин Оливер Митов, правен експерт, проект за техничка помош на Министерството за труд и социјална политика ,,Поддршка на социјалните претпријатија”, г-ѓа Александра Лопарска-Илоска, истражувачка во Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК”, г-ѓа Наташа Димеска, шеф на кабинет, Министерство за труд и социјална политика експерти од областа на социјалната економија и претставници од граѓанскиот сектор, со цел да добиеме сеопфатен инпут и видувања од различни чинители.
Повеќе информации за проектот се достапни на следниот линк:
https://ceprosard.org.mk/MK/kn_p3.aspx
Со почит,
Проектен тим - “Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот-
Не оставај никој зад себе”
Ново на Сител
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители