Ракомет
30. September 2017 - 21:41

Триумф на Пелистер на дуелот со Пролет

Ракометарите на битолски Пелистер ја постигнаа втората победа во Супер лигата откако вечерва го совладаа Пролет со 28:21. Во дуел од 3.коло Борец го победи Прилеп на домашен терен со 29:22, додека Работник Еурофарм славеше на гостувањето кај Радовиш со 28:17.
Утре се игра дуелот Металург 2 - Вардар Јуниор. Во ова коло слободна е екипата на Охрид.
Табела: Пелистер и Радовиш имаат по 6 бодови, Еурофарм Работник, Охрид и Борец по 4, Прилеп и Металург II по 3, Пролет 1, додека Вардар Јуниор е без бод.