Триумф на „Педесет нијанси сиво“ на доделувањето на „Златна малина“
Филмскиот хит „Педесет нијанси сиво“ триумфираше на доделувањето на американските награди „Златна малина“, кои им се доделуваат на најлошите филмски остварувања минатата година.
Адаптацијата на еротскиот рома на британската писателка Е.Л. Џејмс синоќа во Лос Анџелес доби дури пет „Златни малини“, вклучувајќи ги за најлош филм, која ја подели со филмот за суперхеројот „Фантастична четворка“.
Филмот доби „награда“ и за најлошо сценарио, најлош актер (Џејми Дорнан) и за најлоша актерка (Дакота Џонсон). Дорнан и Џонсон добија и награда за најлош пар.
Освен што е прогласен за најлош филм „Фантастична четворка“ доби „Златна малина“ и за најлош римејк и за најлош режисер (Џош Тренк).
Наградата за најлоша споредна улога ја доби Еди Редмејн за филмот „Јупитер-воздигнување“, иако минатата година доби Оскар за улога на научникот Стивен Хокинг во филмот „Теорија на се“.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел