Македонија
4. January 2017 - 19:07

Триумф македонските ракометари на стартот на квалификациите за СП (У-21)

Младата македонска репрезентација, со победа против Полска ги започна квалификациите за јуниорското Светско првенство кое претстојното лето ќе се одржи во Алжир. 

Во СРЦ Кале, македонските јуниори се домаќини на квалификациската група 3, во која денеска се играа натпреварите од 1.коло. 

Македонските надежи забележаа убедлива победа над Полска со 30-22 полувреме 16-8. 

Најефикасен во нашата селекција беше Шилегов кој средбата ја заврши со 8 голови, Талески беше стрелец на 5, а Неловски и Велковски постигнаа по 4 гола.

Во првиот меч од оваа група Португалија убедливо ја совлада Турција со 40-27. Токму Потугалија утре ќе биде протоивник на Макеоднија во вториот меч на денот кој ќе се игра во терминот од 17,45 часот. Претходно ќе играат Полска и Турција. 

Потсетување дека само првопласираната селекција ќе обезбеди настап на СП во Алжир престојново лето.