Трите партии во идната бугарска владина коалиција договорија за заедничка програма
На коалицискиот совет синоќа е постигнат договор за програмата за управување во следните шест месеци меѓу трите партии кои владееја во старата коалиција во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, Бугарската социјалистичка партија и „Демократска Бугарија“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, персоналниот состав на идната бугарска влада, што ќе го предложи заменик претседателот на „Продолжуваме со промената“, Асен Василев, ќе се коментира дури кога ќе има поддршка од 121 пратеник од вкупно 240 пратеници. Засега коалицијата има 115 гласа, а недостигаат гласовите на уште шест пратеници.
Василев истакна дека за да се спроведат реформи до крајот на 2022 година Народното собрание на Бугарија мора да донесе повеќе од 40 закони.
Лидерката на БСП Корнелија Нинова изрази задоволство од финалната верзија на програмата за управување, при тоа истакнувајќи оти најважно е да се гарантира стабилност во економијата и безбедност на семејствата и бугарските граѓани. Таа беше категорична дека нема да биде лесно на есен и на зима и дека целта е да има сериозна програма за помош на секое бугарско семејство во овој период.
Атанас Атанасов од „Демократска Бугарија“ ја истакна енергетската безбедност на Бугарија како приоритет на идната влада.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228