Трите медицински сестри кои дадоа отказ не се единствeни кои се незадоволни од условите во кои работат
Деградирање и непочитување на профилот медицинска сестра е причина за отказот на главната медицинска сестра. Покрај главната медицинска сестра клиниката за Ифективни болести ја напуштаат и две одделенски сестри.
Сител се обиде да стапи во контакт со менаџментот на клиниката за Инфективни болести за да ја дознае вистинската причина за оставките на медицинските сестри, но не добивме одговор. Неофицијално во оваа установа подолг период постојат недоразбирања помеѓу дел од раководството, како и медицинскиот персонал и дека трите медицински сестри кои поднесуваат оставка не се единствените кои се незадоволни од условите во коишто работат вклучувајќи ја и заштитната опрема која ја добиваат и начинот на третман во однос на тоа како тие треба да работат во оваа установа.
Денеска очекуваме реакција од Здружението на медицински сестри за медиумите, каде што до пред извесно време членувале медицинските сестри од Клиниката за Инфективни боести кои дадоа оставка.
Министерот за здравство Венко Филипче остварил средба со медицинските сестри кои поднеле оставка. На средбата било договорено тие да заминат на одмор како што е наведено во оставките, а по одморот ќе се спроведе уште еден разговор, се со цел да останат на своето работно место.
Ново на Сител
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
