Трипуновски: Власта две недели крие дека има антракс
Зоран Заев ги доведува животите на граѓаните во опасност. Власта две недели крие дека во Македонија има случај на антракс. Министерството за здравство и АХВ вчера признаа дека две недели криеле дека има заболени животни од антракс во кичевско.
Стручните тимови од Факултетот за ветеринарна медицина и АХВ несериозно ја третирале угинатата овца од антракс, па наместо да ги преземат сите заштитни мерки со цел обезбедување на подрачјето, тие нестручно земале мостра како да се работи за случај на ентеротоксемија, при што крв и други телесни течности завршиле во почвата пишуваат денес медиумите.
Властите поради својата нестручност ја заразиле почвата за на местото на угинатото животно за наредните 20 години. Несериозноста при постапувањето со случајот на антраксот во кичевско покажува дека власта воопшто не се грижи за здравјето и безбедноста на граѓаните.
Пуленот на Заев, директорот на АХВ, Атанасов по сериозниот пропуст кој бил направен, направи и законски прекршок, па спротивно на чл.52 од Законот за ветеринарно здравство, кој пропишува дека Агенцијата е должна соодветно да ја информира јавноста за спроведување на контролите и заштитните мерки против болести на локално и централно ниво, две недели ја крие информацијата за присуството на антракс од јавноста.
Дополнително Заев и Атанасов мора да одговорат дали се вистините написите во медиумите дека не е извршена вакцинација против антракс во 2019 година!? Доколку не е, прашуваме зошто?
Однесувањето на власта е крајно несериозно и недозволиво. Не се знае дали граѓани конзумирале месо и млеко од заразеното стадо и доколку р точно прашуваме колку?
Заев и Атанасов мора да одговорат и дали случајот со антракс е пријавен во СЗО за здравјето на животните, како и системот за известување на болести на животните на ЕУ или и од нив е сокриен овој податок?
Зоран Заев и Зоран Атанасов не смеат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, ниту со маката на сточарите. Бараме одговори и одговорност веднаш.
Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац
-

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
-

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
-

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени
-

AXВ спрeчи увoз нa нaд 26 тони замрзнат пилешки батaк
-

Мицкоски и Тошковски на отворање на реконструираната полициска станица во Бутел
-

Сончево, со мала до умерена облачност
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно

